Search

Баерн му даде шест гола на Вердер, но Мане се повреди пред СП

Германскиот гигант Баерн Минхен ја наполни мрежата на Вердер Бремен (6-1) со шест гола за деветти триумф во 14. коло од германската Бундеслига и така ја зголеми предноста пред ривалите на табелата, а одличен меч имаше Серж Гнабри кој запиша хет-трик.

На баварците им беа потребни само шест минути за Џамал Мусиала да ја затресе мрежата на гостите и да донесе водство од 1-0, по што во 10. минута Вердер се враќа во игра и преку Ентони Јунг израмни на 1-1 по одлична акција на гостинската екипа. Во следниот период следеа два шока за фаворитот, прво Чупо-Мотинг промаши пенал, па се повреди и Садио Мане, кој ги загрижи и Сенегалците пред Мундијалот во Катар.

Сенегалскиот напаѓач на Баерн се повреди откако се судри со дефанзивецот на Вердер, Амос Пипер. Му помогнаа на тревникот, но не можеше да ја прекине играта. Германските медиуми пишуваат дека се работи за повреда на мускулот на долниот дел од бутниот мускул.

Баерн доби нова шанса за водство, откако беше досуден пенал, но Ерик Максим Чупо-Мотинг не го искористи, но тоа како да ги мотивира неговите соиграчи да притиснат кон голот на гостите, па за само шест минути постигнаа три гола, и тоа преку Гнабри, Горецка и Сане.

Баварците го тероризираа голот на Вердер и во второто полувреме, но сепак двата погодоци ги постигнаа дури во завршницата, откако Гнабри доби одлична асистенција и го комплетираше хет-трикот, а подоцна Матис Тел ја испрати топката во десниот агол на голот за конечни 6-1.

Баерн Минхен е прв на табелата со 31 бод, односно четири повеќе од Фрајбург, пет од Унион Берлин и шест бода повеќе од Борусија Дортмунд.

На останатите натпревари Бохум ја совлада Борусија Менхенгладбах со 2-1, а Штутгарт со гол во судиско надополнување (2-1) ја реши Херта.

Треба да знаете
Последни објави