Search

Шок за навивачите од „Енфилд“: Ливерпул ставен на продажба

Фенвеј Спортс Груп (ФСГ) реши да го продаде Ливерпул. Подготвена е комплетна продажна презентација за сите заинтересирани. ФСГ во минатото го следеше пазарот околу можноста за продажба на Ливерпул, но никогаш не сакаше да оди подалеку од тоа. Овој пат, FSG ги поканува заинтересираните страни да дадат понуди.

Во соопштението на врвот на ФСГ, кој исто така е сопственик на Бостон Ред Сокс, се вели:

-Имаше неколку неодамнешни промени во сопственоста и гласини за промени во сопственоста во различни клубови, па редовно нè прашуваат за сопственоста на Фенвеј Спортс Груп во Ливерпул. ФСГ често добива интерес од трети страни, кои сакаат да станат акционери на Ливерпул. ФСГ смета дека под соодветни услови би ги разгледале можните нови акционери, доколку тоа е во најдобар интерес на Ливерпул како клуб. ФСГ останува целосно посветен на успехот на Ливерпул, и на теренот и надвор од него“.

Групата е сопственик на Ливерпул од октомври 2010 година, кога го купи клубот од Џорџ Жилет Јуниор и Том Хикс. За тоа време, Ливерпул го назначи Јирген Клоп за менаџер. Тие ја освоија својата прва титула во Премиер лигата во 2020 година, што беше и нивна прва шампионска титула по 30 години. Го освоија и ФА Купот, Карабао купот и Лигата на шампионите.

За време на сопственоста на ФСГ, Енфилд претрпе реновирање, со нова главна трибина од 110 милиони фунти, додека трибината на Енфилд Роуд повторно се реновира. Проектот вреден 80 милиони фунти ќе биде завршен следното лето, зголемувајќи го капацитетот на околу 61.000.

Ливерпул беше и еден од шесте премиерлигаши кои сакаа да се „приклучат“ во Суперлигата минатата година. По протестите на навивачите, тие се повлекоа од проектот. Анри јавно им се извини на фановите.

Треба да знаете
Последни објави