Search

Тите ги избра бразилските ѕвезди со кои ќе настапи на СП во Катар

Селекторот на Бразил, Тите го соопшти конечниот список со фудбалери на кои ќе смета за Мундијалот во Катар, а на него се сите најголеми ѕвезди, додека најзвучно име е Нејмар од ПСЖ.

 Голмани на Бразил се Алисон и Едерсон, кои се едни од најдобрите голмани во Премиерлигата, а во одбраната се повикани Дани Алвеш, Едер Милитао, Бремер, Тиаго Силва, Алекс Сандро, Алекс Телеш и Данило.

Тите во средината не може да смета на Кутињо, кој е повреден, но затоа во составот се Касемиро, Фабињо, Лукаш Пакета, Фред, Бруно Гимараеш и Евертон Рибеиро.

Во нападот се повикани Винисиус Жуниор, Родриго, Ентони, Ришарлисон, Рафиња, Габриел Жесус и Габриел Мартинели.

Треба да знаете
Последни објави