Search

Тамара Тодевска се разведува по седум години во брак со Мачка

По шпекулациите во естрадните кругови дека Тамара Тодевска се разведува од сопругот Александар Димитровски – Мачка, се појави и потврден одговор од пејачката за нивниот брачен статус.

Информацијата ја потврдила за „Убавина и здравје“ каде подвлекуват дека одлучиле да се разделат, но да останат во добри и коректни односи, пред сѐ штитејќи го интересот на нивните две деца.

Тамара сметала дека е добро децата да одржуваат добра комуникација со својот татко и дека тој е дел од нивните животи.

Во изминативе седум години и претходно медиумите шпекулираа дека Тамара и Мачка се разведуваат, но брачниот пар ги демантираше таквите наводи и остана заедно.

Треба да знаете
Последни објави