Search

Се разигра Салах, Ливерпул победи во Лондон

Поранешниот англиски и европски фудбалски првак Ливерпул, по два последователни порази во Премиерлигата, забележа победа во дербито против Тотенхем (2:1) во Лондон. Мохамед Салах  беше стрелец на двата гола за Ливерпул во првото полувреме (11 и 40 минута).            Екипата на тренерот Антонио Конте во вторите 45 минути изгледаше многу подобро на теренот и како минуваше времето, така беше сè поблиску до голот на Алисон Бекер, а во 70. минута конечно Хари Кејн ја затресе неговата мрежа по асистенција на Дејан Кулушевски.                   Ливерпул со победата во Лондон се искачи на осмата позиција и има 19 бодови, додека Тотенхем останува на четвртата позиција со 26 бода.

Треба да знаете
Последни објави