Search

Ѕвездите на „Црниот пантер 2“ блеснаа на европската премиера во Лондон

Актерската екипа на Black Panther: Wakanda Forever („Црниот пантер: Ваканда засекогаш“) присуствуваше на европската премиера на филмот на плоштадот „Лестер“ во Лондон.

Ѕвездите меѓу кои Михаела Коел, Данаи Гурира и Лупита Нионго се прошетаа на црвениот тепих за долго очекуваното продолжение на филмот за суперхерои.

„Црниот пантер“ од 2018 година е еден од најпрофитабилните филмови на сите времиња.

Продукцијата на студиото „Марвел“ заработи повеќе од 1 милијарда фунти на благајните, пренесува британски Би-би-си.

Тоа беше првиот филм за суперхерои кој доби номинација за „Оскар“ за најдобар филм. Вкупно имаше седум номинации, а освои три – за оригинална музика, костимографија и сценографија.

Треба да знаете
Последни објави