Search

Сари: Навивачите фрлаа урина кон нашата клупа, да се прашувам јас не би играл во КЛ

Италијанскиот фудбалски калчолигаш Лацио е елиминиран по настапите во лигашкиот дел од  група Ф во Лига Европа, во која сите четири екипи завршија со по осум бода. Лацио поради послабата гол-разлика заврши како третопласира зад Феенорд и Митјиланд и ќе треба да продолжи на евро-сцената во плеј-офот од треторангираното УЕФА натпреварување Конференциската лига.

Тренерот  на тимот од Рим, Маурицио Сари е незадоволен и разочаран од расплетот во групата по минималниот пораз во Ротердам од тимот на Феенорд (1:0). Сари се пожали дека домашните навивачи се однесувале недолично, а на висина на задачата не било и делењето на судиската правда.

-Судијата би го изнервирал секој човек. Тие нè третираа ужасно. Да бев јас претседател на тимот на Лацио и да се прашувам воопшто не би играл во Конференциската лига. Дочекот беше ужасен. Навивачите на Феенорд фрлаа урина кон нашата клупа. Тоа беше навистина иритантно, кажа Сари.

Лацио ќе биде вклучен во ждрепката в понеделник за плеј-оф рундата против еден од второпласираните тимови во групите на Конференциската лига.

Треба да знаете
Последни објави