Search

Почна ЕП за ракометарки, Словенија ја победи Данска

Со воведните натпревари во групите А и Б вечерва започна 15. Европско ракометно првенство во женска конкуренција, чии домаќини се Скопје, Подгорица, Љубљана и Цеље.

Во групата А, Унгарија ја совлада Швајцарија со 33-28, додека кодомаќинот Словенија триумфираше над Данска со 28-26.

Македонските ракометарки се во групата Ц во рамки на која утре со почеток во 18 часот во салата „Борис Трајковски” за противник ќе го имаат актуелниот олимписки шампион Франција.

Во истиот термин в понеделник „црвено жолтите” ќе играат против Холандија, додека групната фаза ќе ја заокружат против Романија, на 9 ноември (18 часот).

Треба да знаете
Последни објави