Search

Пике утре го игра последниот натпревар во кариерата

Претстојниот натпревар меѓу Барселона и Алмерија, в сабота во рамки на 13. коло во Ла Лига, ќе биде последен во кариерата на легендарниот дефанзивец на каталонскиот гигант Жерар Пике (35).

Своето неочекувано збогување со професионалниот фудбал, 35-годишниот Пике го најави во видеопорака на социјалните мрежи.

-Време е да ви кажам дека дојде крај на патувањето, порача Пике во видеото на Твитер.

-Саботниот натпревар ќе ми биде последен на Камп Ноу, а после Барселона нема да играм за ниту еден друг клуб. Ќе станам уште еден навивач и ќе се обидам да му ја пренесам на мојот син љубовта кон Барселона, објави Пике.

Треба да знаете
Последни објави