Search

Ливерпул без Милнер против Тотенхем

Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Ливерпул, Јирген Клоп, потврди денеска дека Џејмс Милнер нема да биде во составот за неделното дерби против Тотенхем поради протоколот за потрес на мозокот.

Милнер овој викенд требаше да го одигра 600. натпревар во Премиер лигата, но ќе го пропушти јубилејот, откако кон средината на оваа недела доби удар во главата и беше подложен на задолжителниот протокол за потрес на мозокот.

-Тој е добро, но мора да мине низ различни фази на протоколот. Ќе биде на располагање за тренинг без контакт в понеделник, а потоа за полн тренинг во вторник, најави Клоп на прес – конференција пред натпреварот против Тотенхем во рамки на 15. премиерлигашко коло.

Ливерпул во моментов е на деветтото место на табелата со 16 бодови, додека Тотенхем е третопласиран со десет бодови повеќе .

Треба да знаете
Последни објави