Search

Борко Ристовски во Лемго

Лемго го официјализира трансферот на Борко Ристовски во своите редови, претставувајќи го на социјалните мрежи.

„Добредојде Борко“, напишаа на објавата на Инстаграм, споделувајќи и изјава од Јерг Церајке, некогашниот голман на Лемго, сега дел од менаџерскиот тим.

„Борко е искусен голман и човек и претставува токму она што го баравме во нашата моментна ситуација. Среќни сме што успеавме бргу и лесно да се согласиме со него за соработка до крајот на годината“, вели Церајке.

Лемго го ангажира Борко со договор на два месеца, до крајот на календарска 2022, затоа што првиот голман, Словенецот Урх Кастелиц, имаше операција на менискус, па ќе паузира од шест до осум недели. Потребен беше голман кој ќе го предводи тимот млади наследници на Кастелиц, а Борко било идеалното решение, со оглед на неговото искуство и во Рајн-Некар (2015/16) и во Гумерсбах (2012-14).

„Многу сум среќен што ќе можам повторно да играм во најсилната лига во светот и ќе дадам се од себе во претстојните недели и месеци да му помогнам на Лемго на најдобар можен начин“, рече Борко.

Треба да знаете
Последни објави