Search

Првиот светски рекет Алкараз се пласираше во третото коло на Мастерсот во Париз

Шпанецот Карлос Алкарас го победи Јапонецот Јошихито Нишиока во второто коло на Мастерс 1000 турнирот во Париз со 2:0, по сетови 6:4 и 6:4.

Следен противник на првиот светски рекет ќе биде Григор Димитров од Бугарија кој вечерва го победи Фабио Фоњини од Италија со 2:0, по сетови 6:0 и 7:5.

АТП Ролекс Мастерс турнир во Париз се игра за награден фонд од 5,4 милиони евра.

Досега од првите шест фаворитите пласман во осминафиналето обезбедија и Стефанос Циципас (5. носител), Каспер Руд (3. носител), Новак Ѓоковиќ (6. носител).

Треба да знаете
Последни објави