Search

Нојер: Имав рак на кожата, бев на три операции

Мануел Нојер и Анжелик Кербер инвестираа во крема за сонце која се прави на природна база. Тие денеска имаа промоција на продуктот, а за време на истата голманот на Баерн Минхен ја шокираше јавноста со својата исповед дека добил идеја за инвестирање во ваков продукт после проблемите кои ги имал пред извесно време, кога во три наврати успешно се справил со рак кој му бил откриен на кожата.

– И двајцата имаме историја со болести на кожата. Во мојот случај беше рак. Имав рак на кожата на лицето и морав да направам три операции – открива Нојер во разговорот со познатата германска тенисерка.

Нојер не открива кога точно ги имал овие проблеми, но „Билд“ претпоставува дека тоа се случувало во декември минатата година, кога Нојер постојано носеше фластери на своето лице. Во моментов Нојер се опоравува од повредата на рамото и се очекува да се прати на голот на Баерн за последните три меча пред СП и да замине со репрезентацијата на мундијалот во Катар.

Треба да знаете
Последни објави