Search

Клоп и Ливерпул имаат една цел следното лето: Џуд Белингем

Јирген Клоп има „зелено светло“ од газдите на Ливерпул за да го добие посакуваното засилување во текот на летниот преоден рок, Џуд Белингем од Борусија Дортмунд, со кого би требало да се ревитализира средниот ред на „црвените“, јавува германскиот „Билд“.

19-годишниот Белингем стана еден од најпосакуваните млади фудбалери во Европа по фантастичните настапи со Борусија Дортмунд и покрај неговата возраст и се верува дека за него се заинтересирани и Реал Мадрид, Манчестер сити и Челси. Сепак, откако Клоп се пожали јавно дека ривалите Манчестер сити можат да си приуштат да донесат било кој фудбалер, американските газди „ФСГ“ се подготвени да го поддржат со висок буџет за трансфери.

Сепак, до потписот на младиот англиски репрезентативец нема да се дојде лесно, бидејќи тој минатата година потпиша нов четиригодишен договор со клубот и очекуваат 150 милиони евра за него, а Ливерпул не се подготвени да дадат повеќе од 100 милиони.

Од друга страна според шпанскиот „Ел чирингито“, Белингем не сака да се врати во Премиерлигата и би преферирал да замине во Реал Мадрид, каде што исто така би бил лидер на новата генерација и би бил „важен“ играч.

Белингем има 109 настапи за „милионерите“ и 17 настапи за англиската репрезентација иако уште е тинејџер. Манчестер јунајтед не успеаја да го убедат да потпише за нив уште во 2020 година, кога беше фудбалер на Бирмингем сити и тој реши да се пресели во Бундеслигата.

Треба да знаете
Последни објави