Search

Стипендии и за студенти од областа на земјоделските, ветеринарните и шумарските науки уште од оваа академска година

Владата на Република Северна Македонија, на денешната 97 седница, донесе Одлука за изменување и дополнување на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2022 година, на предлог на Министерството за образование и наука, а во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Со предложените измени, се воведуваат нови мотивирачки стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи, на студиски програми од областа на земјоделските, ветеринарните и шумарските науки.
Воведувањето на новите стипендии ќе се реализира во рамките на предвидените буџетски средства на Министерството за образование и наука, коешто деновиве ќе го распише и конкурсот за посочените стипендии, за академската 2022/23 година.

Треба да знаете
Последни објави