Search

На Флоренс Пју ѝ рекле да го смени изгледот доколку сака успех во Холивуд

На Флоренс Пју ѝ било кажано да ослабне и да го промени обликот на своето лице доколку сака успешна кариера во Холивуд. 26-годишната британска актерка, ѕвезда на психолошкиот трилер Don’t Worry Darling („Не грижи се, драга“), се отвори за нејзините рани денови во забавната индустрија и откри дека била ужасната кога пристигнала во Лос Анџелес како тинејџерка, бидејќи ѝ рекле да направи бројни промени во нејзиниот изглед.

Во интервју за весникот „Телеграф“ таа откри: „Се чувствував многу среќна и благодарна и не можев да поверувам дека добив шанса. Но, сите работи што тие се обидуваа да ги променат кај мене – без разлика дали тоа беше мојата тежина, мојот изглед, обликот на моето лице, обликот на моите веѓи – тоа дефинитивно не беше она што сакав да го работам или индустријата во која сакав да работам“.

Првата голема улога на актерката дојде во филмот The Falling од 2014 година, и таа продолжи со улога во ТВ-филм „Студио Сити“, но Филоренс била разочарана од нејзиното искуство во САД и сметала дека направила погрешен избор за кариера.

„Почувствував дека направив огромна грешка.“

Сепак, Флоренс продолжи со својата актерска кариера назад во нејзината родна Велика Британија, и во 2016 година доби главна улога во „Лејди Магбет“. Овој проект ја натерал повторно да се заљуби во киното.

„Мислам дека е премногу лесно за луѓето во оваа индустрија да ве туркаат лево-десно. Имав доволно среќа што на 19 години открив каков актер сакав да бидам,“ додаде таа.

Во најновиот филм „Не грижи се, драга“, Флоренс и Хари Стјалс Пју глумат среќен брачен пар што живее во навидум совршена станбена област во САД во текот на 50-тите години. Нивниот дом го обезбедува мистериозната компанија во која работи сопругот.

Водена од љубопитноста за вистинската природа на бизнисот на својот сопруг, таа открива дека идилата во која живее има своја темна страна. Прашањето е дали е подготвена да изгуби сѐ за да ја дознае вистината.

Треба да знаете
Последни објави