Search

Адвокат од Лихтенштајн ќе гради во „последна зелена површина“ во строгиот центар на Скопје

Адвокат од Лихтенштајн, што главно формира и води туѓи фирми на сопственици што сакаат да бидат скриени, е сопственик на компанијата која ја доби парцелата за изградба на петкатница на парцелата која претходно важеше за „последна зелена површина“ во строгиот центар на Скопје, односно во градежно атрактивната зона позната како Мал ринг, објави Призма.

Одобрение за градење на петкатница во паркчето спроти „Мепсо“, а позади „Хотел Јадран“ на само неколку метри од Плоштад Македонија издаде поранешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ пред да замина од функцијата

Малото зелено парче со димензии 30 по 35 метри е веројатно последната зелена оаза околу плоштадот, а градбата ги засега жителите на улиците Орце Николов, Скопска и Никола Кљусев. Тие уште имаат време да се жалат, а рокот тече.

Како што објави „Призма“, сопственик на Сколимекс е Енгелберт Јозеф Шрајбер од Вадуз. Шрајбер се спомнува во дата-базата на Пандора пејперс, која ги раскринка офшор-тајните на повеќе политичари и бизнисмени од целиот свет.

Скандал со јавни набавки во Обединетите нации (ОН), пак, посочи врски меѓу семејната фирма на Шрајбер со човек што САД и ОН го вбројуваат како финансиер на терористичка организација.

Човекот се појавувал и во скандали на Балканот.

Целата сторија на „Призма“ може да ја прочитате ТУКА.

Треба да знаете
Последни објави