Search

Автобусите на „Макекспрес“ не сообраќаат и денеска

Втор ден автобусите на превозникот „Макекспрес“, не сообраќаат по редовните линии.

Велат немаат средства за да продолжат со работа поради доспеаниот долг од Град Скопје и ЈСП за месеците август, септември и октомври во висина од над половина милион евра.

Бараат средба со Арсовска и со раководството на ЈСП и додаваат дека додека не изнајдат решение за проблемот ќе бидат принудени да ги паркираат автобусите.

„Макекспрес” не сообраќаа на линиите 19, 20, 22, 52 и 54.

Сопственикот на компанијата Милорад Димитријевски завчера побара итна средба со раководството на ЈСП „Скопје” и градските власти.

Поради неподмирените долгови од страна на ЈСП, се доведува во прашање нормалното функционирање на јавниот превоз. Имено, моменталниот долг на ЈСП кон претпријатието „Макекспрес” превоз до овој момент изнесува повеќе од 30 милиони денари и овој долг секојдневно расте,

Треба да знаете
Последни објави