Search

Хемсворт ќе го замени Кавил во „Вичер“, фановите разочарани

Откако беше објавено дека Хенри Кавил нема да го глуми Гералт во четвртата сезона на The Witcher  и дека Лајам Хемсворт ќе го замени во таа улога, многу гледачи го изразија своето незадоволство од веста на социјалните мрежи. „Лајам Хемсворт, кој го замени Хенри Кавил во Witcher, е дефинитивно најголемото промашување во историјата на телевизијата“, напиша еден корисник на Твитер.

„Нетфликс“ веројатно ќе го откаже The Witcher по четвртата сезона. Менувањето на актерите среде серија никогаш не е добро, особено кога оригиналниот актер ќе заврши неверојатна работа“, се согласи друг.

„Хенри Кавил секогаш ќе биде единствениот Гералт од Ривија“, додаде трет.

Треба да знаете
Последни објави