Search

Ријана се врати на црвениот тепих за премиерата на „Црн Пантер: Ваканда засекогаш“

Ријана ја покажа својата неверојатна фигура пет месеци по породувањето на премиерата на Black Panther: Wakanda Forever („Црн Пантер: Ваканда засекогаш“) со нејзиното момче Асап Роки во средата навечер.

Само неколку дена по најавата на долгоочекуваното музички камбек првпат по пет години, со песна за продолжението на „Црниот пантер“ насловена Lift Me Up, деветкратната добитничка на „Греми“ и таткото на бебето ги координираа облеките за нивното појавување на настан.

Ѕвездата ги истакна своите облини во стилски фустан, а раперот на себе има предимензионирана светло сива јакна и панталони во слична боја.

Парот, кој доби машко бебе на 13 мај, се фотографира со рацете обвиткани еден околу друг.

Треба да знаете
Последни објави