Search

(Видео) „Направивме историја!’ Двејн Џонсон им се заблагодари на фановите за големото отворање на „Црниот Адам“ на киноблагајните

Двејн Џонсон се огласи на Инстаграм во средата за да им се заблагодари на своите 343 милиони следачи што му овозможија најголемо отворање на благајните во целата негова кариера со „Црниот Адам“.

Новиот суперхерој на „Ди-си“ го освои викендот на киноблагајните имајќи предвид дека „Блек Адам“ стартуваше со 67 милиони долари дома и 140 милиони во светски рамки.

И покрај слабите критики, се очекува 50-годишната акциона мегаѕвезда да остане крал на киноблагајните бидејќи се предвидува неговиот филм оваа недела да заработи речиси 30 милиони долари, според „Дедлајн“.

„Направивме историја“, напиша Џонсон покрај видеото на својот Инстаграм-профил.

Зборувајќи директно во камерата додека се снима себеси во својата теретана, акционата ѕвезда им се заблагодари на своите фанови што го гледаа филмот, кој беше негов „страстен проект“ во последните 15 години.

„Благодарам, благодарам, благодарам“, рече поранешниот професионален борач. „Во моментов испорачувам голем пакет на благодарност“.

Речиси 5000 години откако му беа подарени моќи од египетските богови, Црниот Адам е ослободен од затвор и е решен да му ја демонстрира на светот својата смисла за правда во модерниот свет.

Треба да знаете
Последни објави