Лапорта има список со три имиња како потенцијални заменици за Чави

Претседателот на шпанскиот фудбалски гигант Барселона, Жоан Лапорта не е задоволен од резултатите кои ги постигнува тимот под водство на тренерот Чави Ернандез, па веќе почнал да размислува за рокада на жешкот столче. Медиумите пишуваат  дека вече се бара наследникот на Чави.

„Ел Насионал“ пренесува дека Лапорта веќе има три имиња кои би можеле да го наследат Чави ако нешто не се промени на резултаски план.

Се поизвесно е дека Барселона нема да продолжи во кокаут фазата од Лигата на шампионите, а во Ла Лига по поразот од Реал Мадрид заостана три бода зад големиот ривал во трката за титулата. „Ел Насионал“ како опции за нов тренер на Барселона ги наведува Томас Тухел кој неодамна си замина од Челзи, Гаљардо од Ривер Плата и Јирген Клоп кој по лошите резултати на Ливерпул не е сигурен „Енфилд“.

Треба да знаете
Последни објави