Search

ФИФА ќе им плати 209 милиони долари на клубовите за нивните фудбалери на Мундијалот!

ФИФА објави дека ќе им исплати фантастични 209 милиони долари на светските клубови чии фудбалери ќе учествуваат на Светското првенство во Катар преку својата програма за раст на клупскиот фудбал.

„Како дел од нашата желба да се признае придонесот на фудбалските клубови за организирање на успешно Светско првенство, ФИФА почува со процесот за апликација преку својата програма за клупски фудбал, со која 209 милиони долари ќе се распределат на клубовите низ светот“, се вели во објавата на ФИФА.

Според правилата на ФИФА, клубовите ќе добиваат по 10.000 долари за секој ден во кој нивни фудбалер ќе остане со националниот тим на Мундијаалот во Катар, но и на делот на подготовките. Сите клубови за кој фудбалерот играл последните две години ќе добијат компензација.

СП во Катар почнува на 20 ноември.

Треба да знаете
Последни објави