Search

Рудигер го спаси Реал во 95. минута, ПСЖ ја пропушти првата меч-точка за осминафиналето

Екипата на Шахтјор Доњецк беше пред победа над европскиот шампион Реал Мадрид меѓутоа не успеа да издржи до крај. Мечот се одигра во Варшава, а украинскиот тим делуваше одлично, имаше неколку шанси, посебно во првото полувреме и добро ги одбиваше нападите на кралскиот клуб.
Голот за Шахтјор падна во 46. минута. Микајличенко го проигра Зубков кој го совлада Лунин на голот на шпанската екипа. Веднаш по погодокот Анчелоти направи двојна измена со тоа што ги стави Винисиус и Модриќ во игра место Азар и Чоамени со цел да го притисне противникот. Подоцна влезе и офанзивниот бек Алаба, а жестокиот притисок резултираше со гол. Во петтата минута од судиското продолжение Ридигер ја погоди мрежата. Во таа ситуација тој се судри со голманот, поради што и на двајцата им се укажуваше лекарска помош.
Во оваа група Лајпциг го совлада Селтик во гости со 2:0. Па Реал е прв со 10 бода, Лапциг втор со 6, Шахтјор е трет со 5 и Селтик има 1.

А Милан доживеа пораз на својот „Сан Сиро“ од Челзи со 0:2. Во 18. минута „Росонерите“ останаа со играч помалку поради директниот црвен картон на Томори поради прекршок. Во 21 минута Жоржињо од пенал го доведе Челзи во водство, а во 34. минута Обамејанг зголеми на 0:2 што се покажа и како конечен резултат.

Во оваа група Челзи е лидер со 7 бода, Салцбург има 6, Милан и Динамо Загреб по 4.
ПСЖ и Бенфика одиграа 1:1. Парижаните поведоа со голот на Мбапе, но изедначи Жоао Марио од пенал во 62. минута. ПСЖ и Бенфика имаат по 8 бодови во групата, Јувентус и Макаби Хаифа по 3.
Динамо Загреб одигра само 1:1 против Салцбург. Двата гола паднаа во првото полувреме. Аријан Адеми беше стартер и играше во 67 минута кога домашниот тим се одлучи да тргне офанзивно. Стефан Ристовски влезе во игра во 79. минута.

РЕЗУЛАТИ
КОПЕНХАГЕН – МАН.СИТИ 0:0
МАКАБИ Х. – ЈУВЕНТУС 2:0
МИЛАН – ЧЕЛЗИ 0:2
БОРУСИЈА ДОРТМУНД – СЕВИЉА 1:1
СЕЛТИК – РБ ЛАЈПЦИГ 0:1
ДИНАМО ЗАГРЕБ – САЛЦБУРГ 1:1
ПСЖ – БЕНФИКА 1:1
ШАХТЈОР – РЕАЛ МАДРИД 1:0

Треба да знаете
Последни објави