Search

Хери Кејн ќе чита детски приказни на „Би-би-си“

Капитенот на англиската репрезентација, напаѓачот на Тотенхем, Хери Кејн денеска ќе чита детски приказни на „Би-би-си“ и нивната програма за „приказни за заспивање“ на „Сбибис бедтајм сторис“. Кејн ќе ја чита приказната „Лавот одвнатре“ на Рејчел Брајт, во која се следи патот на еден страшлив глушец, кој се обидува да најде храброст.

„Една од моите омилени работи е кога ќе седнам со моите деца пред одење во кревет и ќе им прочитам некоја приказна. Навистина ми се допаѓа ‘Лавот одвнатре’ и едвај чекам да ја прочитам“, изјави Кејн.

29-годишниот англиски напаѓач денеска исто така ја формираше својата „Хери Кејн фондација“, преку која ќе се обиде да помогне за отвореноста за менталното здравје.

Претходно, вакви приказни на „Би-би-си“ читаа и принцезата Кетрин, Хери Стајлс, Дејв Грол и Стив Карел.

Треба да знаете
Последни објави