Search

Меси поради повреда ја пропушта Бенфика

Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси, поради полесна повреда на ногата ќе го пропушти претстојниот натпревар против Бенфика, во рамки на четвртото коло во групата Х од Лигата на шампиони, соопшти вечерва клубот од Париз.

Меси се повреди пред нешто повеќе од една недела на дуелот од третото коло во Лигата на шампиони против Бенфика (1-1) во Лисабон.

Поради повредата аргентинскиот фудбалер веќе го пропушти натпреварот од 10. коло во француското првенство против Ремс (0-0).

Во клупското соопштение се наведува дека Меси сè уште не е подготвен да се врати на теренот.

Треба да знаете
Последни објави