Search

Лацио не се шегува – победа во Фиренца за трето место на табелата

Лацио на Маурицио Сари стигна до 0:4 триумф на гости кај Фиорентина на „Артемио Франки“, за да ја забележат својата петта победа во низа во Серија А и да се искачат на третото место на табелата, еден поен зад Аталанта и само три зад лидерот Наполи.

Матија Ѕакањи беше „џокерот“ на Сари, откако прво во 11. минута му асистираше на Матијас Весино, за во 25. минута самиот да постигне гол за на одмор да се отиде со 0:2 предност. Луис Алберто во 85. минута само ја потврди победата на гостите од Рим, за во 91. минута и капитенот Чиро Имобиле да се запише во листата на стрелци за катастрофа на тимот на Виченцо Италијано.

Виола со четири порази во последните шест меча се на 13. место на табелата со само 9 освоени поени.

Треба да знаете
Последни објави