Search

Еди Марфи се согласи да ѝ плаќа на Мел Б повисока алиментација

Еди Марфи се согласи да ѝ плаќа на Мел Би зголемен износ алиментација за нивната 15-годишна Ќерка.

Актерот сега ќе плаќа 35.000 долари, што е зголемување од 10.000 долари, како месечна издршка за ќерката Ејнџгел Ајрис Марфи Браун.

Ова доаѓа две години откако поранешната членка на „Спајс грлс“ Мелани Браун, попозната како Мел Би, поднесе документи со барање за поголема финансиска помош.

Судските документи до кои дојде „Дејли мејл“ покажуваат дека родителите се согласиле на нов договор за издршка, бидејќи Мел навела промена во нејзините приходи.

Марфи ѝ плаќал на пејачката 25.000 долари месечно (300.000 долари годишно) откако ја решија битката за татковство во февруари 2009 година.

Според новиот изменет договор, Марфи, кој е опишан како „татко со прилно висока заработувачка“, сега ќе мора да дава дополнителни 10.000 долари месечно.

Треба да знаете
Последни објави