Search

Гаљего од кандидат за Евровизија до фудбалски тренер во Ла Лига

Новиот стратег на шпанскиот прволигаш Елче, Алберто Гаљего, мина пат од кандидат за претставник на Шпанија на Евровизија до најголемата фудбалска сцена во родната земја и тренерското деби во Ла Лига.

Осврнувајќи се на животниот пат на Гаљего, шпанскиот весник „Марка” објави дека тој во текот на деведесеттите години од минатиот век паралелно играл фудбал и градел музичка кариера како пејач.

Настапувал под името Ланко и во 2005 година влегол во финалето на изборот на шпански претставник за Евросонг со песната „Ништо за тебе, ништо за мене”, но не успеал да победи.

Со фудбалот активно престанал да се занимава во 1999 година, тренерскиот занает го изучувал во Грција и САД, како треер на Волос, Њујорк Космос, и во пониските дивизии во Шпанија.

Гаљего беше назначен за тренер на Елче по оставката која клупското раководство му ја врачи на Франциско Родригез, а своето деби во Ла Лига го имаше во неделата против Мајорка.

Треба да знаете
Последни објави