Search

Влегувањето на Ѓоковиќ во Австралија повторно политичка тема

Карен Ендруз, поранешната австралиска министерка за внатрешни работи, вели дека ако му се дозволи на Новак Ѓоковиќ на Австралија опен во јануари 2023, тоа ќе претставува шлаканица за сите Австрлијци кои веќе се вакцинираа против Ковид-19, со што српскиот тенисер повторно стана тема во австралискта политика.

Ѓоковиќ, кој останува на тоа дека нема да се вакцинира, пристигна во Мелбурн во јануари со медицинско оправдување, но по реакцијата на јавноста, тој беше задржан во објект за имигранти по што беше депортиран и му беше забранет влез во Австралија до 2025 година според австралиските закони. Оттогаш Австралија ја тргна обврската за вакцинирање пуштајќи американски пливачи кои не беа вакцинирани во текот на летото, а во Австралија повторно се шпекулира дека забраната за Ѓоковиќ ќе биде тргната пред почетокот на гренд слем турнирот.

„Сигурно има и други луѓе што останаа без виза поради слични услови и зошто би се направил посебен случај за Новак Ѓоковиќ? Тоа би бил шлаканица за сите луѓе во Австралија, кои ја направија вистинската одлука и се вакцинираа. Зошто би го пуштиле? Бидејќи е тенисер со многу милиони долари?“, вели Ендруз.

Треба да знаете
Последни објави