Вардар немаше проблеми на гостувањето во Куманово

Актуелниот македонски ракометен првак во машка конкуртенција Вардар немаше проблеми во 6. коло од Суперлига, на гостувањето во Куманово каде протиг истоимениот домашен тим забележа убедлива победа од 31:18.                                                                                                          Кумановци парираа некаде до финишот на првото полувреме, кога беше 10:12, а потоа примија три гола едноподруго, па на пауза заминаа со 11:15. Вториот дел го почнаа со два врзани погодока, но потоа следуваше серија од 6:0 за Вардар, а Куманово чекаше осум минути за следниот гол. Најефикасен на мечот и во редовите на Вардар беше Јан Чувара со девет гола, од кои четири од пенал, додека Куни Моралес погоди шест пати од игра. Кај Куманово, Даниел Постоловски и Вучко Мрвовиќ стрелаа по шест пати.                                                                              Претходно денеска, Пелистер славеше над Тиквеш со 31:20.

Треба да знаете
Последни објави