Search

Касилјас демантира дека е во врска со Шакира

Легендарниот поранешен голман на Реал Мадрид, Икер Касилјас, преку социјалните мрежи ги демантира шпекулациите во шпанските медиуми дека е во врска со Шакира, поранешната сопруга на својот соиграч од шпанската репрезентација, Жерард Пике.

Самиот Касилјас неодамна се разведе од новинарката Сара Карбонеро по што шпанските таблоиди забележаа дека 41-годишниот поранешен голман почнал на „Инстаграм“ да ја следи Шакира по што реагира со порака „Допри си го носот“ на социјалните мрежи.

Шакира и Пике ја потврдија разделбата во јуни по 12 години, период во кој имаат два сина – деветгодишниот Милан и седумгодишниот Саша, по шпекулациите дека 35-годишниот Пике, кој е 10 години помлад од пејачката, ја изневерувал со повеќе жени. Касилјас, инаку, има две деца со поранешната сопруга Карбонеро.

Треба да знаете
Последни објави