Search

Почина Радаковиќ – поранешниот голман на Партизан

Поранешниот голман на белградски Партизан, Радован Радаковиќ синоќа починал на 51-годишна возраст. На Радаковиќ пред две години му бил дијагностициран рак на желудникот. Операција во Турција му го продолжи животот, но не успеа да се избори до крај со тешката болест. Ослабе 50 килограми, преживеа сепса, а трошоците за лекување го ставија во тешка финансиска ситуација.

Кариерата ја почна во Обилиќ, па бранеше и за Батајница и Борац Чачак. Од 1997 до 1999 година беше интернационалец во Белгија во тимот на Ројал Лиеж, пред да се врати една сезона во Раднички Крагујевац.

Најблескавите моменти од кариерата ги имаше на голот на Партизан од 2000 до 2004 година, а потоа една сезона бранеше и за Штурм Грац од Австрија. До крајот на кариерата беше дел од Земун, Вождовац и Колубара.

Беше и тренер на Младеновац, Колубара, Смедерево, Раднички 1923, Шумадија Аранџеловац и Вршац.

Треба да знаете
Последни објави