Search

Интер подготвува отказ за Инзаги, преговара со Станковиќ

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер подготвува отказ на тренерот Симоне Инзаги, поради лошиот старт во новата сезона. Поразот од Удинезе го принудило раководството на Интер да тргне во потрага по негов наследник и веќе го контактирале својот поранешен играч, донеодамнешен тренер на белградска Црвена звезда, Дејан Станковиќ.

Србинот Станковиќ има статус на клупската легенда во Интер и раководството смета дека има  авторитет за да ја реши ситуацијата во соблекувалната и да ги поправи резултатите.

Инзаги ја презеде одговорноста за поразот од Удионезе, а незадоволството во соблекувалната се појавило и поради тренерот кој направи две измени во првите 30 минути од натпреварот.

По 7 кола во Серија А, Интер се наоѓа на седмото место со пет бода помалку од лидерот Наполи.

Четириесет и шестгодишниот Инзаги го презеде миланскиот клуб во мај 2021 година. 

 

Треба да знаете
Последни објави