Search

Управата на Баерн не размислува да го отпушти Нагелсман

Извршниот директор на Баерн, Оливер Кан, изјави дека клубот не планира да го отпушти тренерот Јулијан Нагелсман.

-Сега не размислуваме за други тренери. Имаме целосна доверба во Јулијан. Секако дека сите сме незадоволни од последните резултати во првенството. Да видиме каква мерка ќе треба да се искористи за брзо да се вратиме на победничката патека во Бундеслигата, изјави Кан за „Билд”.

Баерн вчера загуби од Аугсбург (0:1) во 7. коло на германското првенство и за прв пат од февруари 2020 година не успеа да постигне гол на натпревар од Бундеслигата.

За прв пат од 2001 година, клубот од Минхен нема победа во Бундеслигата четири натпревари по ред.

Треба да знаете
Последни објави