Search

Монца го победи Јувентус

Монца стигна до првата победа во Серија А, и тоа против големиот Јувентус. Клубот на Силвио Берлускони по промената на тренерската позиција славеше со 1:0 против „старата дама“. Тоа е прва победа во клупската историја за Монца во Серија А, а прв пораз на Јуве оваа сезона.

Анхел Ди Марија беше исклучен кон крајот на првото полувреме поради удирање противнички фудбалер, а Монца тоа го искористи.

Гиткјер во 74.минута донесе водство и триумф за Монца.

Лацио со 0:4 го победи Кремонезе. Чиро Имобиле беше двоен стрелец, а погодија и Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Педро.

Фиорентина со 2:0 ја победи Верона. Иконе и Нико Гонзалес беа стрелци на головите.

Треба да знаете
Последни објави