Search

Билетите за последниот натпревар на Федерер достигнаа цена од 68.000 евра

Влезниците за последниот дуел во кариерата на швајцарскиот тенисер Роџер Федерер на претстојниот Лејвер куп во Лондон достигнаа цена од фантастични 68.000 евра, објавија британските медиуми.

Федерер во средата објави дека ќе се повлече од професионалниот тенис по турнирот во Лондон на кој ќе настапи во тимот на Европа заедно со Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, додека настапот на Рафаел Надал сè уште е неизвесен.

Како што наведуваат медиумите, влезниците за натпреварите на Лејвер купот од 23 до 25 септември во Лондон се нудат на популарниот сајт за препродажба на билети „Stubhub” и најскапите достигнале цена од 68.000 евра. Најевтините влезници во моментов чинат 2.400 евра.

Федерер по бројни повреди одлучи да стави крај на кариерата во која освои 103 трофеи, од кои 20 грен – слем титули.

Треба да знаете
Последни објави