Search

(Фото+видео) Навивачка војна на мечот Ница- Келн, двајца во критична состојба

Навивачите на Ница и Келн дивееја пред средбата на своите тимови во првото коло од Конференциската лига па натпреварот помеѓу францускиот и германскиот клуб беше одложен за цел час.

На снимките кои се појавија на социјалните медиуми се гледа како навивачите на двата клуба се гаѓаат со факели и физички се пресметуваат, а за смирување на ситуацијата не помогна ниту интервенцијата на полицијата и играчите од двата клуба.

Според информациите на тамошните медиуми, голем е и бројот на повредени. RMC Sport прво напиша дека едно лице паднало од трибините и е тешко повредено, а потоа дека вкупно седуммина се повредени, од кои двајца се во критична состојба. Француските медиуми пишуваат дека се работи за германски навивач кој итно бил пренесен во болница.

Голем број полицајци излегоа на улиците во обид да спречат понатамошни судири.  Бројот на повредени е најмалку седум, без да се земат во обѕир „жртвите“ од пресметката на двете навивачи групи на улиците на градот пред почетокот на мечот.

 

Групата германски навивачи кои го предизвикаа инцидентот наидоа на неверојатен пречек кога се вратија меѓу „своите“. Обичните приврзаници на Келн ги исвиркаа хулиганите, скандираа против нив, а некои се обидоа и да им ги симнат „фантомките“, за да не ги идентификуваат полициските камери.

Треба да знаете
Последни објави