Search

Алиоски и Фенербахче победија, Тричковски и АЕК загубија во судиските продолженија

Екипата на Фенербахче за која настапува македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски, славеше со 2:1 против Динамо Киев во првото коло од Лигата на Европа. Турскиот тим до триумфот и трите бода дојде во судиското продолжение благодарение на голот на Мичу Бачуаи.

Претходно, Фенербахче поведе со голот на Енрике во 35 минута, а Динамо израмни во 64 минута преку Циганков. Алиоски беше дел од првиот тим на Фенербахче и играше до 83 минута кога беше заменет од Линколн.

АЕК Ларнака за која настапува Иван Тричковски загуби со 2:1 од Рен и тоа со гол примен во 94 минута. Францускиот тим поведе во 29 минута со голот на Теате, но четири минути подоцна Ојер го израмни резултатот. Победничкиот гол го постигна Асињон во четвртата минута од судиското продолжение. Тричковски одигра 79 минути за АЕК.

Ердал Ракип одигра само 25 минути за Малме пред да биде заменет, а неговиот тим загуби со 0:2 од Брага.

Големиот фаворит за трофејот, Рома загуби со 2:1 на гостувањето кај Лудогорец, додека Арсенал со идентичен резултат славеше на гостувањето кај Црих.

Треба да знаете
Последни објави