Search

Хамилтон ќе тргне од опашката на ГН на Италија

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, ќе ја започне неделната трка за Големата награда на Италија од опашката на колоната.

Британскиот возач на Мерцедес ќе користи дополнителни компоненти во својот погон за време на викендот во Монца. Оваа беше потребно по судирот на Хамилтон и Фернандо Алонсо во првиот круг на белгиското ГП, по што моторот на Британецот беше тешко оштетен.

Хамилтон нема да биде единствениот возач кој ќе се соочи со ваква казна, сигурно ќе се соочи и неговиот поранешен тимски колега Валтери Ботас, кој минатата недела го загуби моторот во Холандија.

Треба да знаете
Последни објави