Search

Партизан со 10 играчи даде три гола, но не победи, Сосиедад од пенал славеше на „Олд Трафорд“

Фудбалерите на Партизан иако се најдоа во тешка ситуација по само 22 минути игра на гостувањето кај Словачко, но на крајот избегна пораз и одиграа нерешено стартот од Лигата на конференциите. „Црно-белите“ одиграа 3:3 иако губеа со 2:0 и имаа играч помалку, а во финишот беа и на чекор до победа.

Партизан по само 19 минути имаше негатива од 2:0 поради головите на Калабишка, а работите станаа полоши само три минути подоцна поради исклучувањето на Белиќ.

Сепак и со играч помалку, Партизан за само 15 минути, од 47 до 62 минута постигна три гола за 2:3. Диабате два пати се запиша во листата на стрелци, а водство на Партизан му донесе Гомес. Домашниот тим се спаси од пораз во 83 минута кога Козак постигна гол за конечни 3:3.

Фиорентина ги разочара навивачите играјќи само 1:1 против Рига на „Артемио Франки“. Барак во 56. минута и донесе водство на Фиорентина, но Илиќ со голот во 74. минута ги шокира домашните навивачи.

Виљареал и Лех се растурија од голови, дадоа дури седум, а славеше шпанскиот тим со 4:3. „Жолтата подморница“ губеше, па поведе со 3:1, за Кокелан да ја обезбеди победата во 89. минута.

Реал Сосиедад го изненади Манчестер јунајтед и триумфираше со минимални 1-0 на „Олд Трафорд“ во рамки на 1.коло во Лигата на Европа.

Единствениот гол беше постигнат од белата точка преку Браиз Мендез во 59.минута. Лисандро Мартинез случајно играше со рака, откако топката прво му се одби од ногата. Сепак за судијата Марко ди Бело од Италија тоа беше чист пенал.

Монако на идентичен начин со пенал славеше со минимални 0-1 на гостувањето кај Црвена Звезда. Бри Емболо ја реализираше најстрогата казна во 74.минута од натпреварот во Белград.

Лацио водеше со убедливи 4-0 против ланскиот финалист во Конференциската лига, Феенорд со головите на Луис Алберто, Фелипе Андерсон и двата на Матијас Весино, но гостите од Холандија до крајот го намалија резултатот за конечни 4-2 со двата гола на Сантијаго Хименез.

ЛИГА НА ЕВРОПА
1.коло

ГРУПА Е
Омонија – Шериф 0-3
Манчестер ј. – Р. Сосиедад 0-1

ГРУПА Ф
Штурм – Митјиланд 1-0
Лацио – Феенорд 4-2

ГРУПА Г
Фрајбург – Карабах 2-1
Нант – Олимпијакос 2-1

ГРУПА Х
Ференцварош – Трабзонспор 3-2
Црвена Звезда – Монако 0-1

Треба да знаете
Последни објави