Search

Гигс догодина на повторено судење за семејно насилство

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс, идната година повторно ќе мора да се појави на суд по обвинението за семејно насилство, соопшти судот во Манчестер.

Во соопштението на судот се наведува дека судењето ќе се повтори бидејќи судските поротници не донеле одлука по обвинението.

Судскиот процес против легендарниот велшки фудбалер почна во август.

Гигс беше обвинет во ноември 2020 година за физички напад на поранешната девојка Кејт Гренвил и нанесување телесни повреди.

Во истиот инцидент што се случил во куќата на Гренвил во околината на Манчестер, поранешниот велшки селектор се товари и за напад врз сестрата на својата поранешна девојка, Ема.

Треба да знаете
Последни објави