Search

Пол Погба успешно опериран

Францускиот играч за врска на Јувентус, Пол Погба, денеска имаше успешна операција на коленото. Тој на социјалните мрежи објави дека се минало без никакви проблеми.

Играчот од средниот ред објави видео на социјалните мрежи во кое вели:

„Добро сум – операцијата помина многу добро. Ќе се опоравам и ќе се вратам“.

Погба заработи повреда за време на претсезоната и нема настап во оваа сезона.

Се очекува Погба да ги продолжи тренинзите со Јувентус во јануари и да го пропушти Светското првенство во Катар на крајот на годината.

Треба да знаете
Последни објави