Search

Чедвик Боусман постхумно доби награда „Еми“ за гласот во серијата „Што ако…?“

Покојниот Чедвик Боусман постхумно ја доби наградата „Еми“ за гласовната улога како господар на ѕвездите Т’чала во Марвеловата серија „Што ако…?“

Наградата ја означува првата номинација и победа за „Еми“ на ѕвездата на „Црниот Пантер“, која следи нешто повеќе од две години по неговата смрт.

Во серијата на „Марвел“ и „Дизни плус“ , Чедвик го позајми гласот за цртаниот лик. Неговиот глас разбуди емоции околу покојниот и, сега веќе легендарен актер.

Неговата супруга Тејлор Симон Ледвард ја прими наградата за својот покоен сопруг и изрази благодарност за укажаната чест.

„Кога дознав дека Чад е номиниран, почнав да размислувам за сè што се случува во нашиот свет. Јас се восхитувам на неговата посветеност. Колку убав момент е тоа што една од последните работи на кои тој работеше беше важна за него и за светот, но и нешто ново“, рече Ледвард.

„Не можете да ја разберете својата цел освен ако не прашате што ако? Што ако универзумот заговара во моја корист? Што ако тоа сум јас? Чад би бил многу почестен, и јас сум почестена во негово име.“

Боусман се појави во четири епизоди на „Што ако…?“ – „Што ако чуварот ја прекрши својата заклетва?“, „Што ако. Килмонгер го спаси Тони Старк?“, „Што ако зомби?!, и „Што ако…Т’Чала стане господар на ѕвездите?“.

„Марвел студиос“ го прослави овој момент на Твитер: „Благодарност на телевизиската академија за признавањето на извонредната работа на нашиот крал, покојниот Чедвик Бозман. #Еми“

Треба да знаете
Последни објави