Search

Французите ги „приземјија“ кошаркарите на БиХ и им дадоа надеж на Литванците

Кошаркарите на Босна и Херцеговина не успеаја да стигнат до втора сензационална победа, откако по триумфот над Словенија загубија со 81:68 од Франција, и покрај тоа што беа блиску до фаворитите до последната четвртина.

До почетокот на третата четвртина, БиХ успеа да дојде на само два поени од Французите (52:50), но во финишот фаворитите успеаја да стигнат до убедлива победа.

Јусуф Нуркиќ со 14 поени и 10 скока и Халиловиќ со 14 поени беа најефикасни за БиХ, додека Јабуселе со 15 и Фурние и Ертел со 14 поени беа најдобри за Французите.

Победата на Франција им дава надеж на Литванците за пласман во нокаут фазата, за што сега мораат да ги победат Унгарците.

ЕВРОБАСКЕТ 2022
ГРУПА А
Белгија – Турција 63:78
Црна Гора – Шпанија 16.15 ч.
Грузија – Бугарија 19.00 ч.

Треба да знаете
Последни објави