Search

Кире Маркоски нов фудбалер на Вардар

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ги засили своите редови во обидот по двегодишна пауза да се врати во прволигашкото друштво со 27-годишниот напаѓач Кире Маркоски.

Вардар соопшти дека со повремениот македонски репрезентативец е потпишан едногодишен договор.

Маркоски  има пет настапи за македонската сениорска репрезентација за која дебитираше во 2014 година, а претходно ги мина сите помлади категории во националниот дрес.

Во македонското првенство Маркоски настапуваше за Работнички и Академија Пандев, а неговата интернационална кариера вклучува настапи за кипарски АЕЛ Лимасол и словачки Спартак Трнава. 

Треба да знаете
Последни објави