Search

Судиите ја оштетија Литванија; ФИБА: Доцна се жалевте

ФИБА Европа ја одби жалбата на литванската репрезентација на судиската одлука на натпреварот против Германија. Литванците загубија со 109:107 по две продолженија, па по три кола сè уште се без победа.

На натпреварот против домаќинот Германија во Келн на крајот од третата четвртина судиите не ѝ доделија уште едно слободно фрлање на Литванија по техничката грешка на германскиот селектор Гордон Херберт.

„Жалбата не може да се прифати бидејќи е поднесена по предвидениот рок од 60 минути по завршувањето на натпреварот. Исто така, и да беше поднесена во предвидениот рок, ќе беше одбиена. Наведената причина не е една од причините поради кои може да се поднесе жалба“, објави ФИБА Европа.

Оваа објава на ФИБА јавно ја коментирашнајдобриот играч на Литванија од натпреварот со Германија, НБА-центарот Јонас Валанчунас.

„Не знам што да кажам кога судиите ќе заборават да ви доделат слободно фрлање. Како е тоа воопшто можно, тоа е средношколска кошарка“, рече Валанчиунас.

Во четвртото коло Литванија мора да ја победи Унгарија, а Германија ќе игра против Словенија.

Треба да знаете
Последни објави