Search

(Видео) Сè уште живееме во пуританско општество: Оливија Вајлд за сечењето на секс-сцени во трејлерот за „Не грижи се, драга“

Оливија Вајлд откри дека морала да ги отсече секс-сцените од трејлерот за „Не грижи се, драга“ – нов филм кој таа го режира, и смета дека живееме во пуританско општество.

38-годишната актерка изјави за „Асошиетед прес“ дека Motion Picture Association (американско здружение за филмови) од неа побарало да отстрани некои од сцените за да го одобри.

„Mногу мораше да се извади од трејлерот. МПА насрна на мене и на тизерот во последна секунда, и морав да скратам неколку кадри, поради што бев вознемирена бидејќи мислев дека се потребни,“ рече таа во интервју за АП.

„Но, ние сè уште живееме во навистина пуританско општество. Мислам дека недостатокот на еротизам во американскиот филм е нешто ново. Потоа, кога станува збор за женско задоволство, тоа е нешто што едноставно не го гледаме многу често.“

Психолошкиот трилер „Не грижи се, драга“ е во нејзина режија, со Хари Стајлс и Флоренс Пју во главните улоги.

Сценариото го напиша Кејти Силберман, а филмот ќе биде премиерно прикажан на 23 септември.

Треба да знаете
Последни објави