Search

Актерите Шон Пен и Бен Стилер добија забрана за влез во Русија

Русија додаде 25 американски државјани, меѓу кои и актерите Шон Пен и Бен Стилер, на списокот со лица на кои им е забранет влез во земјата, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека потегот на Москва е одговор на воведувањето на американските санкции против руските граѓани.

„Како одговор на личните санкции наметнати на руските граѓани од страна на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден и нивно постојано проширување беше воведена трајна забрана за влез во Русија за група луѓе меѓу членовите на американскиот Конгрес, високи функционери, претставници на деловните и професионалните заедници, како и на културните дејци“, се нагласува во соопштението.

Шон Пен и Бен Стилер оваа година ја посетија Украина и се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Треба да знаете
Последни објави