Надал го збриша Гаске, Чилиќ против Алкараз во осминафиналето на УС Опен

Рафаел Надал без проблеми го победи својот омилен противник, Ришар Гаске, со 6-0, 6-1, 7-5, и се пласираше во осминафиналето на Отвореното првенство на САД.

Надал и Гаске кои се врсници и разликата во возраст помеѓу нив е само 15 дена, еден против друг играле 18 пати, и секогаш победувал Шпанецот. Французинот нема освоено сет против Надал уште од 2008 година.

За разлика од претходниот дуел против Фоњини, во кој се мачеше да најде адекватна игра во првите два сета, Шпанецот сега практично го понижи својот ривал и му дозволи да победи само на еден гем – во средината на вториот.

Публиката, која до тој момент му беше верна на Надал, малку се сврте и се обиде да го бодри Гаске за да има поинтересен меч. Французинот во третиот сет успеа да ги врзе четирите последователни гема. Поведе Гаске со 5:4, по брејкот во четвртиот гем, но едноставно не можеше да се врати во мечот. Надал повторно одигра посигурно, врза три гема со брејк.

Во следната рунда, Надал ќе игра против Американецот Френсис Тиафо.

Еден од поинтересните осминафинални дуели ќе биде пресметката на Хрватот Марин Чилиќ со третиот носител Карлос Алкараз. Младиот Шпанец уште нема загубено сет на турнирот во Њујорк и тој е најмлад осминафиналист на САД опен после 32 години.

Треба да знаете
Последни објави